Нашата пријателка и колешка Калина Велковска ја креираше
Kaly’s Music Challenge - серијата мини домашни музички
видеа во колаборација со музичарите низ Македонија.
Целта на овој “Challenge” беше да се спојат енергиите од
сите артисти, без генерациски, квалитативни и
социо-психолошки ограничувања во музиката, без его и
предрасуди.
Во март 2020-та, бевме поканети да бидеме дел од овој
Challenge, и заедно со Kaly направивме преработка на
легендарниот хит на групата ABBA - песната “S.O.S”