Град Скопје организираше серија од мини концерти како
дел од програмата „Култура во време на корона“, со цел
да се поддржат локалните артисти но исто така да се
донесе културата поблиску до народот. Ние бевме дел од
оваа програма и за време на карантин одржавме мини
концерт на отворено, во една од скопските општини.