Logo

Mакедонски Шлагери

2018 - Активен

„Македонски шлагери“ е музички настан организиран од центарот за иновации “Јавна Соба” во Скопје, кој се одвива секоја зимска сезона, во периодот од октомври до мај, од 2018-та година па сѐ до денес.

Целта на овој настан е да се промовира и одржува македонската култура единствено преку домашната популарна музика, создавана во доцните години од минатиот век и раните години од новиот.

image
Mакедонски Шлагери во Јавна Соба

Во реализација на овој проект освен The Ringtones како бенд, се и DJ Тоше Вељанов како и целиот тим на Јавна Соба.

Посетителите на настанот „Македонски Шлагери“ имаат можност секој петок во неделата, со почеток од 21 часот, да ги слушнат најголемите хитови испеани на македонски јазик и да присуствуваат на одлична забава која воедно има и едукативен карактер.